Довчерашниот дефанзивец на ВБА, Џони Еванс денеска е претставен како ново засилување на Лестер, соопштија од клубот.
ВБА не успеа да избори опстанок во ПЛ, а клубот од денеска е без еден од најдобрите во тимот ЏОни Еванс, кој во 2015 од Јунајтед пристигна во ВБА. Еванс имаше клазула во договорот да може да го напушти клубот за три милиони фунти и во случај на испаѓање од ПЛ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еванс потпиша тригодишен договор со клубот и така стана второ засилување на екипата откако претходно се реализираше трансферот на Рикардо Переира.
Во ПЛ играше за Манчестер Јунајтед, Сандерленд и ВБА со вкупно 250 настапи.