Ударната каписла на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум ги чувствува последиците од коронавирусот.
Ѕвездата на тимот вели дека после прележаниот Ковид-19 многу побрзо се заморува од вообичаено.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Мислам дека ова многу влијае на дишањето. После враќањето на паркетот приметив дека многу побрзо се заморував од вообичаено. Го претрчав теренот неколку пати и осетив дека останав без здив. Нормално, ова го забележав откако го прележав коронавирусот и тоа е нешто околу кое се обидувам што побрзо да го надминам.“ – рече Тејтум.
Младиот кошаркар беше заразен на почетокот од јануари, а на теренот се врати на 25.01. Во 11 натпревари после враќањето во просек бележи 24.5 поени.