Дома Останати Кошарка НБА Џејмс Харден со нов +40 настап го „реши“ Бостон (ВИДЕО)

Џејмс Харден со нов +40 настап го „реши“ Бостон (ВИДЕО)

Натпреварот во НБА лигата кој привлекуваше најмногу внимание беше оној во кој Хјустон гостуваше кај Бостон Селтикс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хјустон славеше со 115:104, а ги предвоеше одличниот Џејмс Харден кој стигна до учинок од 42 поени и седум скокови. Огромна поддршка имаше од расположениот Ерик Гордон кој постигна 32 поени, додека дабл-дабл запиша Крис Пол со 15 поени, 12 асистенции и шест скокови.

Одбраната на Бостон не можеше да направи многу против Харден и друштвото, а во еден момент Хјустон имаше предност и од 28 поени.

Кајри Ирвинг ги предвоеше домаќините со 24 поени и девет скокови

https://www.youtube.com/watch?v=ta8HXt7jExs.

НБА резултати:

Шарлот – Портланд – 108:118

Чикаго – Атланта – 118:123

Лос Анџелес Клиперс – Њујорк Никси 128:107

Кливленд – Орландо 107:93

Детроит – Торонто 112:107 (после продлженија)

Вашингтон – Минесота 135:121

Оклахома – Мемфис 99:95

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…