Дома Останати Кошарка НБА Џејмс Харден испиша историја во НБА лигата – никој како него! (ВИДЕО)

Џејмс Харден испиша историја во НБА лигата – никој како него! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни шест натпревари.

Хјустон Рокетси изминатата ноќ на гостински терен ја совладаа Атланта Хокс со 121:105.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гостите нешто подобро го отворија натпреварот, но првата четвртина сепак беше завршена со резултат 25:25. Хјустон во втората четвртина повторно играше подобро и во еден момент имаше 11 поени разлика, но на полувреме се замина со 53:47.

Во продолжение Хјустон заигра уште подобро и константно ја држеше предност и на крајот се заврши со 121:105 за Рокетси.

Џејмс Харден и овој пат го предводеше својот тим со 31 поен, додека кај Аталанта Трае Јанг беше најефикасен со 21 поен.

Неверојатниот Харден, во овој натпревар стана единствениот играч во историјата на НБА-лигата, кој постигнал повеќе од 30 поени против 29 екипи во една сезона. Сличен ефект претходно имаше Коби Брајант, во сезоната 2005/06, против 28 екипи постигна најмалку 30 поени.

https://youtu.be/Bkzt7tqmxno

Голден Стејт на „грбот“ на Стеф Кари кој постигна 36 поени и Клеј Томпсон кој додаде 28 на гости ја совладаа Минесота со 117:107.

Лос Анџелес Лејкерси без Леброн Џејмс беа поразени на гости кај Милвоки со 101:115, а победи остварија и Филаделфија против Шарлот (118:114), Бруклин против Сакраменто (131:121) и Лос Анџелес Клиперс против Индијана Пејсерс (115:109).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…