Пред првите полуфинални натпревари во Лигата на шампионите играчот за врска на Ливерпул е на чекор од достигнување кое не му успеало на ниту еден играч.
Џејмс Милнер не е помеѓу најатрактивните фудбалери на денешницата, но е еден од покорисните со што придонесеува Ливерпул да е еден од четирите најсупешни тимови во ова натпреварување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во утрешниот натпревар со Рома на англискиот интернационалец му е потребна уште една асистенција за да го сруши рекордот по бројот на асистенции во една сезона.
Милнер оваа сезона намести осум погодоци за „црвените“ на нивниот пат до полуфиналето, три повеќе од неговиот тимски колега Роберто Фирмино и Луис Суарез од Барселона која веќе е елиминирана.
Ако 32 годишниот играч за врска повторно го запише своето име помеѓу асистентите ќе го сруши рекордот на Нејмар и Вејн Руни кои имаат по осум асистенции од сезоните 2016/17, односно 2013/14.
Достигнувањето на Милнер добива и на поголемо значење ако се знае дека одигра само 611 минути, додека на Нејмар му беа потребни 797, а на Руни 765.
Всушност, натпреварувањето во Лигата на шампионите го започна од клупата, без минутажа во нерешените средби со Севиља и Спартак.
Меѓутоа кога успеа да дојде до стартниот тим на Јирген Клоп, „црвените“ започнаа да победуваат, а Милнер беше еден од најзаслужните.
Сега, во двомечот со Рома има прилика да направи нешто што не му успеало на ниту еден играч во Лигата на шампионите.