Дома Фудбал Англија Џерард ја прифатил понудата од Астон Вила, се чека Ренџерс

Џерард ја прифатил понудата од Астон Вила, се чека Ренџерс

Според последните информации Стивен Џерард е заинтересиран за клупата на Астон Вила.

Во претходните денови се појави вест дека Астон Вила сака да му даде шанса на Џерард да ја води во Премиер лигата. Сега британски „Телеграф“ пишува дека во Астон Вила добиле „зелено светло“ од Џерард да започнат преговори со Ренџерс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џерард ставил до знаење дека тој е спремен да преговара ако неговиот клуб тоа му го дозволи. Договорот на Џерард со Ренџерс е до јули 2024 година, но парите за прекин на соработката не би требало да претставуваат проблем за Вила.

Извршниот директор на Вила Кристијан Пурслоу им се обратил на играчите кои не отпатуваа со репрезентациите и им најавил дека во понеделник новиот меннаџер ќе биде во клубот. Џерард минатата сезона ја освои титулата во Шкотска, а и оваа неговиот клуб е лидер во шампионатот.

Доколку обидот на Вила да го доведе Џерард пропадне тогаш како план „Б“ се истакнува селекторот на Белгија, Роберто Мартинез. Во овој момент после 11. Кола Вила е на 16. позиција на табелата со 10 освоени бодови, Дин Смит доби отказ откако клубот врза пет порази во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона има две главни мети за летниот преоден рок

Во Барселона по неуспешната сезона размислуваат за засилувањата за следната сезона и веќе …