Репрезентацијата на Полска беше една од оние што останаа без селектор по завршувањето на Светското првенство, а сега со клупата на оваа репрезентација се поврзува Стивен Џерард.
Чеслав Михниечевич не доби продолжување на договорот иако стигна до нокаут-фазата. Тој беше критикуван за премногу дефанзивната тактика со која игра и поради која до израз не може да дојде голгетер како Левандовски.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од друга страна Џерард е без ангажман откако доби отказ во Астон Вила во октомври.
Информациите се дека Полјаците веќе ги оствариле првите контакти. Се очекува да има нова средба на која ќе се види колку Џерард е блиску да стане селектор на Полска.
Ако се оди во добра насока Џерард би можел да биде промовиран во нов селектор на Полска до крајот на месецот.