Дома Фудбал Англија Џерард му даде „корпа“ на Њукасл

Џерард му даде „корпа“ на Њукасл

Легендата на Ливерпул и англискиот фудбал, Стивен Џерард доби понуда од сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли да го наследи Бентис на кормилото.

Меѓутоа, Џерард учтиво ја одбил понудата, а причина за тоа е што сака да ја продолжи работата во Глазгов Ренџерс каде е на кормилото веќе 12 месеци.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Минатата недела се појави информација дека ја одбил понудата и на Дерби Каунти, каде требаше да го замени Френк Лампард.

Мајк Ешли не успеал да го убеди и другиот фаворит за менаџерското место – тренерот на Ница, Патрик Виеира.

Тоа ја прави ситуацијата на „Сент Жејмс Парк“ многу сериозна бидејќи тимот треба да ги започне подготовките, а се уште нема именувано тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави нема да биде тренер, но ќе остане во Барселона?

Чави Ернандез минатиот месец објави дека заминува од тренерската позиција на Барселона на …