Дома Фудбал Останато Џерард главен кандидат за наследник на Анчелоти?

Џерард главен кандидат за наследник на Анчелоти?

Карло Анчелоти вчера беше промовиран за нов тренер на Реал Мадрид.

Италијанецот во претходната сезона го водеше Евертон, па сега тимот од „Гудисон Парк“ ќе биде во потрага по негова замена.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Првата желба на „карамелите“ е легендата на градскиот ривал Ливерпул кој имаше фантастична сезона со Глазгов Ренџерс, со овој тим ја освои титулата во Шкотска.

Прашање е колку Џерард ќе биде заинтересиран за работата во Евертон со оглед на тоа што станува збор за тим кој е голем ривал на Ливерпул каде што тој е една од најголемите клупски легенди.
Англиски „Метро“ сепак пишува дека Џерард во овој момент е фаворит.

Покрај Џерард за можни тренери на Евертон се споменуваат Дејвид Мојс и Паоло Фонсека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…