По нивниот шокантен пораз во Серија А викендов, Интер се обидува да се опорави од серијата од три порази во пет натпревари во Февруари, кога гостува кај Џенова.
Додека поразот во Миланското дерби предизвика пад на табелата во борбата за Скудетото, нивните 19-топласирани противници ремизираа на секој од последните четири натпревари и ја задржуваат надежта дека ќе обезбедат опстанок во Серија А.
Победата е императив за Интер
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во викендот кога пет од шесте најдобри екипи не успеаја да победат, можеби најизненадувачкиот неуспех што го претрпе еден од големите гиганти на Калчото се случи во Милано во неделата, кога Интер беше поразен со 0:2 на домашен терен од Сасуоло.
Отфрлајќи ја можноста да се вратат на врвот во Серија А, по ремито на Милан со Салернитана, Нероаѕурите наместо тоа губеа со два гола уште по првиот половина час. Попусти беа обидите да се вратат во игра во вториот дел. Беа надмоќни и имаа дури 29 шутеви кон противничкиот гол, но таа статистика сега не вреди ништо.
Но бидејќи третопласираниот Наполи ремизираше на гостувањето кај Каљари во понеделникот, Интер се уште го држи второто место.
Тимот на Симоне Инзаги, исто така, се уште има натпревар помалку, но откако загуби три од последните пет во сите натпреварувања – вклучувајќи ги и поразите во Дербито и натпреварот во Лигата на шампионите со Ливерпул – три бода од овој натпревар се императив.
Џенова сонува победа
Џенова нема победа на 23 натпревари по ред во Серија А. Ова е катастрофален резултат па попусто им се 13 ремија кога тоа им носи само 13 бода и кога ќе ги додадеме трите бода од единствената победа сезонава, тогаш со 16 бода Џенова може да биде и задоволна што е предпоследна на табелата.
Освен тоа, Џенова победата ја забележа на гости, па сезонава сеуште немаат три бода дома пред своите навивачи. Се потешко е да се верува дека екипата ќе обезбеди опстанок сезонава, без разлика што според квалитетот се очекуваше такво нешто од екипата.
Пристигнувајќи во Венеција за клучната пресметка во битката за опстанок со домаќинот Венеција минатиот викенд, 19-топласираната екипа очајно сакаше да се врати во Лигурија со максимални бодови, но на крајот мораше да се задоволи со ремито 1:1 обезбедено со првиот сезонски гол на Калеб Екубан.
Како резултат на тоа, Александар Блесин стана само вториот менаџер во историјата на Серија А кој ремизирал на секој од неговите први четири натпревари на чело на еден тим.
Севкупно, Џенова до сега освоија по еден бод во половина од нивните првенствени натпревари оваа сезона.