На Гранит Џака му се оидброени последните денови на Емирати, пишуваат британските медиуми.
Швајцарецот кој сезоната ја започна како капитен, со потегот кој го направи на натпреварот против Кристал Палас ги разлути навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите во Англија пишуваат дека Џака знае дека за него повеќе нема место во тимот на Емери и дека на челниците на Арсенал ќе им испрати барање за реализација на трансфер, а веќе на големо се шпекулира која ќе биде неговата нова средина.
Најголем интерес има од Бундеслигата, каде претходно настапуваше, иако не е исклучено да остане во ПЛ. Од Островот тврдат дека целата ситуација внимателно ја следи Њукасл, чии челници не ја кријат намерата да го донесат во своите редови, особено бидејќи тренерот Стив Брус смета дека Џака е идеален за составот кој тој го преферира.
Единствениот проблем за Њукасл е тоа што Џака има високи финансиски апетити. Единственото решение е Џака да се согласи на помала плата или целата работа да се реализира преку позајмица според која одреден дел од неговите примања ќе ги плаќа Арсенал.
Џака е во Арсенал од 2016. година кога пристигна од Борусија Менхенгладбах за 45 милиони евра.