Арсенал вчера повторно киксираше и одигра 2:2 со Кристал Палас, а после натпреварот внимание привлече капитенот на Арсенал Гранит Џака кој не го издржа притисокот откако трпеше навреди од страна на навивачите на Арсенал.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Џака ги изгуби нервите кога Емери го замени во 61-та минута и гневно го соблече дресот и ја намести левата на рака на увото провоцирајќи ги навивачите да бидат уште погласни.
Денес се појавија нови детали за таа ситуација. Наводно, Џака не го напуштил само теренот туку и целиот стадион додека натпреварот уште се играл, а тоа ги загрижило неговите соиграчи.
Тројца неименувани фудбалери на Арсенал после натпреварот отишле во посета на домот на Џака за да му искажат поддршка.
Овој месец Џака стана и татко па и на приватен план минува низ турбулентен период па не чуди тоа што пукна поради констатниот притисок.