Дома Фудбал Ќе ја прекине ли Меси денес кризата во „Ел Класико“?

Ќе ја прекине ли Меси денес кризата во „Ел Класико“?

Дефинитивно Лионел Меси е најдобриот фудбалер на Барселона во последните 15-тина година и навивачите секако дека многу очекуваат од него во секој натпревар.

Денес пред Барселона и Меси е првото „Ел Класико“ во сезоната, Барса игра на домашен терен и ќе бара победа. Меси до пред две години беше супер расположен во „Ел Класико“ и редовно постигнуваше голови или асистираше, но ситуацијата сега е променета.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последните две години Меси во дуелите против Реал нема ниту гол, ниту асистенција. Во овој период тој одигра пет „Ел Класика“ и на теренот помина 425 минути.

Инаку, вкупно Меси против Реал има 26 гола и 14 асистенции, па денес сигурно ќе има мотивација да го прекине постот од две години против најлутиот ривал.

Натпреварот помеѓу Барселона и Реал се игра од 16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…