Дома Фудбал Лига на шампиони Ќе ја прекине ли Меси вечерва неговата црна серија во ЛШ која трае од 2013 година?

Ќе ја прекине ли Меси вечерва неговата црна серија во ЛШ која трае од 2013 година?

Денес во рамките од Лигата на шампионите со почеток од 21:00 часот екипата на Манчестер Јунајтед ќе го игра реваншот против Барселона во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Барселона носи одлична предност од Манчестер каде што ги победи „ѓаволите“ со 0:1. Секако, најголема опасност за голот на Давид Де Геа се очекува да биде првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меси и оваа сезона игра на своето препознатливо ниво и повеќе пати оваа сезона беше херој на Барселона.

Она што е интересно, а што можеби не го знаевте е што Меси вечерва ќе „брка“ прекинување на една навистина црна серија, а навистина знаејќи како игра Меси овој податок изгледа неверојатно.

Имено, Меси во најелитното европско натпреварување во четвртфиналето нема постигнато гол уште од 2013 година. Последен пат кога Меси бил стрелец во четвртфиналето во Лигата на шампионите беше на 2-ри април 2013 година кога Барселона играше против Пари Сен Жермен.

На прес-конференцијата пред овој натпревар тренерот на Барселона, Ернесто Валверде беше потсетен на овој „пост“ на Меси, неговиот одговор гласеше:

„Ако Меси нема постигнато толку време гол во оваа фаза, значи сега е време да погоди. Статистиката ни кажува што се случило, а не ни предвидува што ќе се случува“, одговори тренерот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…