Дома Останати Кошарка Ќе следиме неверојатно финале: Србите го ’избришаа’ паркетот со Кенгурите!

Ќе следиме неверојатно финале: Србите го ’избришаа’ паркетот со Кенгурите!

Кошаркарите на Србија се пласираа во финалето на ОИ со победата над Австралија од 87:61. Во другото полуфинале САД беа поуспешни од Шпанија со 82:76, а сето ова ќе биде одлична најава за неверојатно финале.

Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ беа подобри во текот на целиот меч (по четвртини 16:5, 19:9, 31:24 и 21:23) против дотогаш неприкосновените Кенгури од кои загубија во мечот во групата. Теодосиќ со 22 постигнати поени беше најефикасен кошаркар во победничката селекција во вечерашното полуфинале.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По неверојатниот триумф на Србија над Австралија, тамошните медиуми не можеа да го сфатат тешкиот пораз. „Нашата екипа е исчистена од теренот. Го избришаа паркетот со нас, во најлошото издание на Игрите не можевме да погодиме ништо, а топката завршуваше лесно во рацете на ривалот“, пишува News.com.au.

Србија за златниот медал ќе се бори против САД в недела од 20.45. Претходно Американците славеа против Шпанија со 82:76 во натпревар во кое свое шоу имаа Томпсон и центарот Џордан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …