Дома Фудбал Репрезентации Ќе има промени во Србија: Славиша Кокеза си поднесе оставка, Видиќ чека?

Ќе има промени во Србија: Славиша Кокеза си поднесе оставка, Видиќ чека?

Фудбалскиот сојуз на Србија наскоро ќе добие нов претседател.

Славиша Кокеза после наводите дека е вмешан во криминални афери си поднесе оставка од местото прв човек на националниот сојуз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сакам да ги известам моите сонародниците, како и спортската и фудбалската јавност на Србија. Во желба пред се на репрезентацијата да и го овозможам потребниот мир, спремен сум за нова борба во која ќе направам се за да ги демантирам нападите на моето име. Славиша Кокеза никогаш не бил вмешан во нешто незаконско. Со овој чин и посакувам се најдобро на Фудбалската репрезентација пред стартот во квалификациите за Светското првенство“, порача Кокеза.

Како можен наследник на Кокеза се споменува Немања Видиќ. На чело на Фудбалскиот сојуз на Србија Кокеза беше од мај 2016 година. Во неговиот мандат Србија учествуваше на СП во Русија 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…