Дома Фудбал Ќе биде ли Нејмар спремен за осминафиналето против Реал Мадрид?

Ќе биде ли Нејмар спремен за осминафиналето против Реал Мадрид?

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар почнал повторно да трча, а опоравувањето ќе го продолжи на теренот, официјално соопштија од клубот.

„Нејмар денес повторно почна да трча и започна со новата фаза на опоравувањето“, пишува во соопштението.

Не е најавено кога бразилскиот фудбалер би можел да се врати во тимот. Како што пренесуваат медиумите во ПСЖ се надеваат дека ќе биде спремен за дуелот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите кој е на програмата на 15-ти февруари.

Ќе потсетиме, Нејмар се повреди во финишот од натпреварот со Сент Етјен на 28-ми ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…