Дома Фудбал Италија Ќерката на Михајловиќ: Тешко е тато, премногу тешко…

Ќерката на Михајловиќ: Тешко е тато, премногу тешко…

Утрото по cмртта на Синиша Михајловиќ е премногу емотивно за неговото семејство кое сигурно е во голем шок. Првата порака ја испрати сопругата Аријана, а се огласи и неговата помлада ќерка Вирџинија.

Покрај текстот таа објави и повеќе заеднички фотографии.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тешко е, премногу тешко тато. Во вакви моменти ми треба прегратка, но не било која туку твојата. Не можам да го прифатам сето ова, ќе морам да ја најдам силата во љубовта што ми ја даруваше низ годините во кои бев среќна што си покрај мене.

Никогаш нема да се разделиме, иако знам дека нема бидеш крај мене“, стои во емотивната објава на Вриџинија.

Михајловиќ почина после тешка тригодишна битка со леукемијата, иако еднаш ја победи сепак болеста се врати и го зададе најтешкиот удар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…