Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на Њукасл во јануарскиот преоден рок е ѕвездата на Рома, Пауло Дибала.
Дибала има договор со Рома до 2025 година, но и клаузула од 13 милиони евра која ќе биде активна од 1 јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Клаузулата важи само за клубовите надвор од Серија А, а Њукасл е спремен да ја плати.
„Чавките“ на Дибала му нудат двојно повисока плата, па ако Аргентинецот реши да замине, Рома нема да може да го задржи.
Коментари