Од Островот пристигнува интересна вест – Њукасл го сака Енис Барди!
Според информациите, Барди е голема желба на менаџерот Стив Брус за зимскиот преоден рок. Брус бара засилување во средниот ред и во Барди гледа некој кој може да помогне на Њукасл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Њукасл ќе се обиде да го доведе Барди како позајмен фудбалер до крајот на сезоната со обврска да го откупи неговиот договор. Леванте за Барди бара сума од 22 милиони евра, шпанскиот клуб има проблеми со финансиите и се очекува да продаде неколку играчи во овој преоден рок.
Инаку, Барди полека се опоравува од повредата со која се здоби на еден од тренинзите пред историскиот меч со Грузија. Тој веќе започна со лесно трчање и се очекува наскоро да биде на располагање.
Ќе потсетиме во претходниот преоден рок Арсенал беше заинтересиран за Барди.