Дома Фудбал Англија Њукасл беше на чекор од реми, но Сон го спаси Тотенхем во финишот (ВИДЕО)

Њукасл беше на чекор од реми, но Сон го спаси Тотенхем во финишот (ВИДЕО)

son

Со натпреварот помеѓу Тотенхем и Њукасл беше отворено 25-тото коло во Премиер лигата.

После голема борба Тотенхем успеа да слави минимално со 1:0.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Тотенхем имаше повеќе шанси, но мрежата на Њукасл беше „чиста“ се до финишот од натпреварот, додека гостите неколку пати беа блиску до погодок.

Првата сериозна шанса на натпреварот ја имаше Моура во 17-тата минута, за Ерик Ламела во 25-тата минута да ја затресе пречката.

Во првото полувреме беа видени неколку прилики, но на одмор се замина со резултат 0:0.

Како шт0 изминуваше второто полувреме, Тотенхем го зголемуваше притисокот. Ериксен се обиде во 81-тата минута, но спаси дефанзивецот Ричи. Сепак, две минути подоцна Тотенхем стигна до погодок.

Сон беше спасителот кој погоди во самиот финиш. Љоренте беше на работ на казнетиот простор ја спушти топката за Сон, кој погоди за победа на „петлите“.

Тотенхем со оваа победа барем накратко го престигна Сити на второто место на табелата каде што има 57 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави добил понуда од клуб од Премиер лигата?

Чави Ернандез ја напушти Барселона, но многу брзо може да добие нов ангажман. Неколку шпан…