Даниеле Де Роси седна на клупата на Рома на местото на Жозе Мурињо кој доби отказ во римскиот клуб по лошите резултати.
Де Роси е вистинска легенда на Рома, а неговата љубов ја покажал и со тоа што не побарал пари и посебно услови, туку само бонус ако тимот се пласира во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рома ќе мора да му исплати оштета на Мурињо, па Де Роси затоа не правел проблеми.
„Во разговорот со газдите бев јасен. Седнав и им кажав да го напишат износот на парите кои сакаат да ми го понудата и јас ќе прифатам. Имав само еден услов. Побарав бонус ако се пласираме во Лигата на шампионите.
Можеби нема да имам многу вакви шанси во кариерата и навистина сакам да ја искористам. Договорот е на шест месеци и нема клазула за автоматско продолжување се зависи од резултатите и како клубот ќе биде задоволен“, изјави Де Роси.