ВО НБА лигата, Бостон го победи Денвер со 110:103, зацврстувајќи се на втората позиција во Источната конференција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова беше дуел на двата последни НБА шампиони. Бостон триумфираше минатата година победувајќи го Далас со 4:1, додека претходната година во финалето Денвер со 4:1 во победи беше подобар од Мајами.
Селтиксите со оваа победа го прекинаа низот од два порази и сега имаат рекорд од 43 победи и 18 порази, зад водечкиот тим на Истокот, Кливленд Кавалирс (49-10). Од друга страна, Денвер го запиша вториот пораз во последните три натпревари и моментално е втор на Западот со 39 победи и 22 порази. Сигурно водечки на Западот е Оклахома Сити Тандерс со 48 победи и 11 порази.
Бостон подобро го отвори мечот и по првата четвртина имаше предност од 12 поени (32:20). Во второто полувреме предноста се зголеми на 20 поени (59:39), но гостите на почетокот на последната четвртина ја намалија на четири поени (83:79). Во завршницата Денвер се доближи на само три коша разлика (102:99), но не стигнаа подалеку. На крајот заврши 110:103 за Бостон.