Дома Фудбал Англија Јунајтед пријави приход поголем од половина милијарда фунти!

Јунајтед пријави приход поголем од половина милијарда фунти!

Втора година по ред англискиот гигант Манчестер Јунајтед пријави приход поголем од половина милијарда фунти.

Во последниот квартален финансиски извештај, Манчестер Јунајтед пријави рекордни 581,2 милиони фунти приход.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И покрај фактот што минатата сезона не играа во Лига на шампиони, и покрај тоа што сезоната во Премиер лигата ја завршија на 6-то место, сепак освоија титула во Лига Европа и забележаа рекордни приходи.

Минатата година Јунајтед стана првиот британски клуб кој ја „проби“ маѓичната сума од половина милијарда фунти и пријави приход од 515,3 милиони, а оваа година заработката е уште поголема.

Со оглед на фактот што пресметките се водат од 30 јуни до 30 јуни се очекува во касата на „црвените ѓаволи“ да се слеат помеѓу 575 и 585 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Не игравме само против 11 фудбалери, туку и против тројцата судии“

Фудбалерите на Баер сезонава 44-ти пат по ред одиграа без пораз. Тие ремизираа 1:1 во Лонд…