Манчестер Јунајтед одби два играчи кои им ги понуди торински Јувентус во замена за Пол Погба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Старата дама одамна посакува да го врати Погба во своите редови. Тој е една од главните мети на торинскиот клуб, а како што тврди Калчомеркато, Јувентус веќе испратиле една понуда на Олд Трафорд.
Бјанконерите за Погба понудиле двајца фудбалери. Тоа се Арон Рамзи и Даглас Коста, но Црвените ѓаволи тоа го одбиле.
Очигледно е дека во Јунајтед сметаа дека Погба вреди повеќе. Се очекува преговорите да продолжат и ќе видиме дали Французинот кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.
Погба беше член на Старата дама од 2012. до 2016. година, а потоа беше продаден на Манчестер за 105 милиони евра.