Дома Топ вести Јунајтед му плаќа на Руни за да си замине!

Јунајтед му плаќа на Руни за да си замине!

Вејн Руни изминатите години стана симбол на Манчестер Јунајтед, но оваа сезона преживува тешки моменти на „Олд Трафорд“.

Навивачите се бесни поради бледите партии на капитенот и сметаат дека треба да замине, а и Жозе Мурињо смета дека токму Руни е проблем во тимот па недоамна го седна на клупата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Проблем е што Руни се уште има 20 месеци преостанати од неговиот договор според кој заработува 300.000 фунти неделно.

Според англиските медиуми, раководството на Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата да го исплати остатокот од договорот на Руни, што би ги чинело 26 милиони фунти и со тоа би го ослободиле легендарниот напаѓач.

Руни има понуди од САД и Кина, па медиумите на Островот се сигурни дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…