Дома Фудбал Јунајтед му нуди двојно повисока плата на Фернандеш

Јунајтед му нуди двојно повисока плата на Фернандеш

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед спремил нов договор за Бруно Фернандеш и тоа со двојно поголема плата.

Раководството на „црвените ѓаволи“ е подготвено да му ја удвои платата на 26-годишниот Фернандеш, кој со новиот договор би заработувал 200.000 фунти неделно.

Причината за ваквата реакција на Јунајтед е интересот кон Фернандеш од страна на Барселона и Реал Мадрид, и намерата на „црвените ѓаволи“ да го задржат Португалецот во своите редови.

Фернандез дојде во Манчестер Јунајтед од Спортинг Лисабон во јануари минатата година за 55 милиони евра, и веднаш се етаблираше во клучен играч за „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ласло Киш доби пејсмејкер: Унгарската легенда ослабе 16 килограми

Поранешниот унгарски репрезентативец беше опериран по долгогодишни проблеми со срцевиот ри…