Дома Топ вести Јунајтед драстично ја намали цената на Погба

Јунајтед драстично ја намали цената на Погба

Реал Мадрид конечно може да го донесе Пол Погба следното лето и тоа за многу помала сума, пренесува „АС“.

Според весникот „црвените ѓаволи“ донеле конечна одлука да го продадат Французинот на крајот на сезона и за неговата слобода бараат 60 милиони евра.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Јунајтед веќе ја активираше клаузулата за продолжување на договорот на Погба за додатни 12 месеци, па сега неговиот договор истекува во јуни 2022 година.

Погба и оваа сезона игра под сите очекувања и не може да се наметне како лидер на тимот, па раководството смета дека е вистинско време за негова продажба.

Реал веќе подолго време го сака Погба, но пред една година Манчестер Јунајтед за неговиот потпис бараше 150 милиони евра, сума која никој клуб не беше спремен да ја плати.

На лето Погба ќе влезе во последната година од договорот, па „црвените ѓаволи“ се спремни да го пуштат за 60 милиони евра, сума која Реал е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…