Манчестер Јунајтед летово потроши огромна сума пари на засилувања, а еден од фудбалерите од кои многу се очекуваше беше Џошуа Зиркзе.
Зиркзе разочара и во десет натпревари постигна само еден гол, па поради тоа се пишува и дека дури Јунајтед сака да се ослободи од него во јануари.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Наводно „црвените ѓаволи“ веќе имаат спремна замена, а тоа е голгетерот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, кого го следат веќе подолго време.
Тен Хаг е во потрага по робусен напаѓач и најголема желба е токму словенскиот репрезентативец за кого Јунајтед е спремен да плати 65 милиони евра.