Дома Топ вести Јунак на вечерта беше тренерот на Ривер: Гаљардо ги одушеви и навивачите на Бока

Јунак на вечерта беше тренерот на Ривер: Гаљардо ги одушеви и навивачите на Бока

Финалниот натпревар во Копа Либертадорес помеѓу Ривер и Бока ќе се игра вечерва од 21 часот откако синоќа беше одложен поради нередите пред Монументал.

На два часа пред натпреварот навивачите на Ривер го нападнаа автобусот во кој беа играчите на Бока, а во овие напади повредени се тројца играчи на овој тим. Иако организаторите сеобидуваа да ги убедат играчите на Бока да истрчаат на теренот на крајот тоа не се случи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчите на Бока одбија да го играат овој натпревар што не им се допадна на организаторите, а поддршка им дадоа и фудбалерите на Ривер. Аргентинските медиуми пренесуваат дека главната улога ја одработил тренерот на Ривер, Марсело Гаљардо.

Имено, имало караница помеѓу организаторите и тренерот на Ривер, кој им тврдел дека натпреварот едноставно не може да се одигра. Тој им порачал дека не сака играчите на Ривер и Бока да истрчаат на теренот, бидејќи тренерот на Бока нема да може да смета на сите играчи.

Овој потег ја одушеви аргентинската јавност, а Гаљардо покрај сите тие немили сцени успеа да стане главна тема. Тренерот на Ривер после се излезе на теренот и отиде кај играчите на Бока да им се извини за се што се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…