Дома Топ вести Јувентус тргна по отпишаниот играч на Мурињо

Јувентус тргна по отпишаниот играч на Мурињо

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус покажува сериозен интерес за играчот на Манчестер Јунајтед и холандски репрезентативец, Мемфис Депај.

Депај е во немилост на Мурињо и воопшто не добива шанса оваа сезона, па јасно е дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ во јануари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За него инетерс покажуваат неколку клубови ширум Европа, а сега во траката за Депај се приклучи и италијанскиот шампион.

После повредата на Дибала и Пјаца тренерот Алегри сака да ја промени формацијата и да игра со 4-3-3 или со 3-4-3 па му е потребен еден крилен напаѓач.

„Бјанконерите“ веќе стапиле во контакт со агнетот на фудбалерот и сакаат да го донесат на позајмица до крајот на сезоната, со можност да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал нуди ситница за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…