Дома Фудбал Јувентус спреми нов договор за еден од најважните играчи на Алегри

Јувентус спреми нов договор за еден од најважните играчи на Алегри

Tимот на Јувентус ова лето изгради навистина моќен тим, најголемото засилување секако пристигнувањето на Кристиано Роналдо.

Сега во Јувентус размислуваат и за продолжување на соработката со фудбалерите кои се важен дел на тимот.

Јувентус ова лето за 35 милиони евра го доведе Португалецот, Кансело кој имаше одлична сезона во Интер како позајмен фудбалер од Валенсија, сепак тоа не значи и заминување на Колумбиецот Хуан Квардадо.

„Старата дама“ и понатаму сериозно смета на услугите на 30 годишниот фудбалер кој пристигна од Фиорентина.

Реномираниот „Калчомеркато“ ексклузивно пренесува дека во Јувентус веќе разговарале со агентот на Квардадо Алесандро Лучи за продолжување на соработката.

Во овој момент Колубмиецот добива 3.5 милиони евра годишно, а неговиот договор има важност до 2020 година. Според информациите Јувентус размислува за продолжување на дополнителни една или две години со покачување на платата на четири милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…