Дома Фудбал Италија Јувентус со победата против Сампдорија постави нов рекорд во Серија А

Јувентус со победата против Сампдорија постави нов рекорд во Серија А

Со победата над Сампдорија во 19-тото коло ов Серија А, Јувентус првиот дел од сезоната го заврши со рекорден број на бодови.

Јувентус освои дури 53 бодови од можни 57 во есенскиот дел од првенството.

Со ова „старата дама“ постави нов италијански рекорд и така сруши два сопствени. На половина од сезоните 2005/2006 и 2013/2014 „старата дама“ имаше по 52 освоени бодови.

Единствените две екипи кои оваа полусезона му одземаа бодови на Јувентус се Џенова (1:1) во Торино и Аталанта (2:2) на гостински терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бивш играч на Баерн од Минхен потпишува за Рома комплетно бесплатно!

Во моментов, Рома нема класичен лев бек, па проблемот може да го реши со ангажирање на Раф…