Италијанскиот гигант Јувентус е на чекор да го официјализира трансферот на Карлос Алкараз, пренесува Фабрицио Романо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Секако не се работи за шпанскиот тенисер, туку за фудбалер кој го има истото име и презиме, а го носи дресот на Саутемптон. Интересно е што фудбалерот Карлос Алкараз е само шест месеци помлад од вториот тенисер на АТП листата двоен грен-слем освојувач.
Како што стојат работите, Алкараз во Торино ќе пристигне како позајмен играч со клазула за откуп.
Лекарските прегледи ќе бидат направени во Лондон и според информациите Алкараз со нетрпение чека да го заврши трансферот.
Во редовите на Саутемптон 21-годишниот Алкараз пристигна од Расинг.