Тиаго Мота, тренерот на Јувентус, воопшто не е задоволен од тоа како течат подготовките на тимот.
Стратегот на Старата дама е особено загрижен по убедливиот пораз на пријателскиот меч со Нирнберг.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Под посебна лупа е Душан Влаховиќ, репрезентативецот на Србија, кој не го искористи пеналот за израмнување на тој меч.
Се верува дека директорот Кристијано Џунтоли ќе се обиде да се сретне со Мота и да донесе уште неколку засилувања, барем три до крајот на преодниот рок.
Се верува дека Федерико Киеза е пред заминување, додека прашање е колку трпение Мота ќе има и со Влаховиќ
Оттука, се повеќе се споменуваат одредени играчи кои би можеле да ги засилат редовите на торинскиот клуб.
Копмајнер од Аталанта и дефанзивецот Жан-Клер Тодибо од Ница се на мета на „Бјанконерите“.
Кога станува збор за напаѓачите, се почесто се споменува младиот напаѓач на Хофенхајм, Максимилијан Бејер, кој минатата сезона постигна 16 гола во Бундеслигата.
Сепак, Јувентус ќе има конкуренција во Челзи, Ливерпул, Астон Вила, Брајтон и Манчестер Јунајтед.