Фудбалерот на Јувентус Анхел Ди Марија ќе отсуствува од терените околу 20 дена поради повреда на тетивата, соопшти денес италијанскиот клуб.
Црно-белите објавија дека на прегледите било утврдено дека станува збор за мала повреда на десниот бутен мускул и за опоравување ќе бидат потребни околу 20 дена. Ди Марија се повреди во вторникот во натпреварот против Макаби Хаифа кој Јувентус го изгуби со 2:0.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради повредата на Ди Марија се стравуваше и во Аргентина со оглед на тоа дека Светското првенство кое започнува на 20. ноември е се поблиску.
На Мундијалот во Катар Аргентина ќе игра во групата „Ц“ против Саудиска Арабија, Мексико и Полска.