Јувентус и покрај поразот во финалето од Реал Мадрид, стана рекордер по заработка во една сезона од Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанскиот шампион од УЕФА заработи 109 милиони евра, па ова лето е спремен да потроши околу 150 милиони за добедување на нови пет фудбалери. Не станува збор за етаблирани светски ѕвезди, но „бјанконерите“ сметаат дека е неопходно подмладување на тимот.
Први трансфери на Јувентус ова лето би требало да бидат Патрик Шик од Сампдорија и Бернардески од Фиорентина. За 21-годишниот чешки напаѓач „бјанконерите“ ќе платат 25 милиони евра, колку мшто изнесува неговата клаузула. За него инетерс покажаа Милан, Интер, Арсенал и Тотенхем, но Јувентус ја одби битката за неговиот потпис.
За потписот на Бернардески Јувентус ќе мора да искешира 40 милиони евра, но треба да внимава на конкуренцијата бидејќи Интер е исто така спремен да ја плати таа сума, а „виолетовите“ не сакаат да соработуваат со „старата дама“.
Познато е дека Јувентус е блиску до голманот на Арсенал, Шчешни кој би требало следната сезона да биде резерва на Буфон, а потоа да стане прв голман на тимот од Торино.
На списокот се уште играчот за врска на Ливерпул, Емре Чан, како и дефанзивецот на Порто Фелипе.