Јувентус ова лето предизвика вистински „земјотрес“ во фудбалска Европа со трансферот на Кристиано Роналдо, но „старата дама“ е спремна следното лето да донесе уште еден „крал“.
Италијанските медиуми пренесуваат дека главна мета на „бјанконерите“ следното лето ќе биде левиот бек на Реал Мадрид, Марсело.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
31-годишниот Бразилец има договор со Реал Мадрид до јуни 2022 година, но веќе најави дека е спремен за нова авантура во кариерата.
Медиумите шпекулираа дека Марсело уште ова лето ќе побара трансфер, а Јувентус внимателно ја следи ситуацијата.
„Тутоспорт“ пренесува дека Марсело е отворен да му се придружи на својот голем пријател Роналдо во Торино, а „бјанконерите“ се спремни да платат 50 милиони евра.
Реал ова лето успеа да го задржи Бразилецот на „Сантиаго Бернабеу“, па останува да видиме што ќе се случи следното лето.