И претходно се пишуваше дека Масимилијано Алегри го стопирал трансферот на Донарума во Јувентус ова лето, сега се откриваат и некои детали.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Јувентус имал договор со Донарума, но на крајот преговорите се прекинале кога Алегри пристигнал во клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причината поради која Алегри се откажал од Донарума е што сметал дека 10 милиони евра по сезона се многу за младиот италијански голман.
На крајот Донарума премина од Милан во ПСЖ, а во Јувентус прв голман е Шчесни. Оваа одлука на стартот од сезоната не се покажа како баш најдобра затоа што Шчесни веќе киксираше на два пати, против Удинезе и во последното коло против Наполи.