Дома Фудбал Италија Јувентус некако успеа да ја победи Специја 🎥

Јувентус некако успеа да ја победи Специја 🎥

Јувентус денес играше против Специја во рамките од 5. Коло во Серија А и конечно дојде до првата победа во нивата сезона.

Моис Кин после половина час го постигна првенецот по враќањето во Јувентус за водство на „старата дама“. Меѓутоа Специја само пет минути подоцона Преку Џаси го изедначи резултатот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со 1:1 се замина на полувреме. На стартот на вториот дел следуваше студен туш за фаворитот. Антисте по еден дуел со Бонучи „еден на еден“ одлично шутираше и го матираше Шчесни. Предноста Специја ја имаше се до 66. минута кога изедначување донесе Киеза. По тој гол Јувентус притисна уште повеќе, брзо создаде неколку прилики, а мрежата на домаќините ја погоди Де Лихт за 2:3.

За Јувентус кој пред ова коло се наоѓаше на 18. позиција ова беше прва победа во Серија А за ова сезона. Меѓутоа и денес Јувентус покажа многу слабости против тим со кој не требаше да има поголеми проблеми.

Ќе споменеме и дека со натпреварот денес Јувентус прима барем еден гол на 19 натпревари во низа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …