Дома Фудбал Италија Јувентус запиша три бода против Верона, Рамзи погоди на дебито

Јувентус запиша три бода против Верона, Рамзи погоди на дебито

Јувентус и Верона денес го одиграа својот натпревар од четвртото коло во италијанската Серија А.

„Старата дама“ ја оправда фаворитската улога и на свој терен запиша победа од 2:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работите за Јувентус не тргнаа добро. Верона доби пенал во 20-тата минута после една невнимателна реакција на Демирал за кого ова беше деби во Серија А. Кармине погоди статива од белата точка, потоа следуваше и пречка, за на крајот топката да стигне до Велосо кој постигна еврогол.

До изедначување Јувентус стигна десетина минути подоцна и тоа преку Рамзи кој како и Демирал дебитираше во Серија А. Рамзи ја погоди мрежата со удар од далечина, топката на патот до мрежата зафати и еден играч на гостите.

Првиот дел заврши со по еден гол на двете страни.

На стартот од вториот дел видовме нов пенал, но овој пат во корист на Јувентус. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Кристиано Роналдо.

Во продолжение од натпреварот Јувентус изгледаше како да има контрола над натпреварот, меѓутоа црно-белите не создаваа 100% шанси.

Лесно можеше да се случи Верона да извлече бод бидејќи во финишот од натпреварот стрелецот на голот Велосо ја погоди пречката од голот од на Буфон.

Со овој триумф Јувентус стигнува до 10 освоени бодови со учинок од три победи и едно реми, Верона има четири со два порази, една победа и едно реми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…