Јувентус е спремен, Роналдо е спремен! Ајакс ќе има тешка задача пред своите навивачи бидејќи клубот од Торино нема намера да застане на ова скалило.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на „старата дама“ Масимилијано Алегри уште на стартот од прес-конференцијата ги разреши сите дилеми кога е Роналдо во прашање.
„Роналдо тренира со тимот и тој е на располагање и доколку не се случи нешто во меѓувреме ќе биде во стартниот тим“, јасен беше Алегри.
Киелини и Емре Џан се повредени, но добра вест за Јувентус е состојбата на Ругани.
„Останатите се во ред. Даглас Коста се врати, Паоло Дибала добро тренираше утрово, Ругани ќе биде стопер. Тоа е важна прилика за него и среќни сме поради тоа“.
Алегри покажа респект кон противникот.
„Ајакс го елиминираше Реал Мадрид и играше рамноправно со Баерн, во историјата веќе сме гледале две финалиња на овие два тима. Очекувам отворен натпревар кој тешко може да заврши 0:0“, порача италијанскиот стратег.