Дома Трансфер зона Јувентус го купува Икарди по „дисконтна“ цена

Јувентус го купува Икарди по „дисконтна“ цена

Интер му ја отвори излезната врата на Мауро Икарди, а напаѓачот сака да остане во Италија и да се пресели во големиот ривал Јувентус.

Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството на „старата дама“ не планира да понуди повеќе од 40 милиони евра за потписот на Икарди.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Икарди не влегува во плановите на новиот тренер Антонио Конте и од клубот објавија дека тој нема да патува со тимот за турнејата во Азија.

„Бјанконерите“ ќе се обидат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат Икарди во „дисконтна“ цена.

Понудените 40 милиони од Јувентус сепак се за цели 20 милиони помалку од цената што Интер ја има поставено на Икарди. „Нероазурите“ дури се подготвени да прифатат понуда со бонуси или размена на играчи. Од Јуве сепак не брзаат да праќаат официјална понуда, бидејќи знаат дека Интер нема алтернатива и мора да се ослободи од Икарди што е можно поскоро, за да можат да почнат да му бараат замена.

Друга причина во Јувентус да не брзаат со привлекувањето на Икарди е фактот што во моментов имаат премногу напаѓачи. Најпрво треба да најдат решение за Манџукиќ и Игуаин, кои се на излезна врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…