Дома Топ вести Јувентус ги откри сите детали: Трансферот на новиот напаѓач во Торино може да изнесува и 50 милиони евра

Јувентус ги откри сите детали: Трансферот на новиот напаѓач во Торино може да изнесува и 50 милиони евра

Jувентус вчера го потврди трансферот на Карлос Алкараз од редовите на Саутемптон, фудбалерот пристигна на позајмица со право на откуп.

21-годишниот Алкараз пристигна како засилување за тимот на Масимилијано Алегри во вториот дел од сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По комплетирањето на трансферот, Јувентус ги откри и деталите. „Старата дама“ за неговите услуги ќе плати сума од 3.7 милиони евра, плус дополнителни 1.9 преку бонуси.

Доколку Јувентус сака да го откупи договорот на Алкараз на крајот од сезоната, тогаш ќе мора да плати 49.5 милиони евра ако во меѓувреме нема нов договор помеѓу двете страни.

Ако Јувентус се одлучи на ваков чекор Алкараз би станал еден од најскапите трансфери во последните години на Јувентус зад Роналдо, Игуаин, Де Лихт, Влаховиќ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…