Дома Фудбал Италија Јувентус ги намали платите, Роналдо се откажа од 3,8 милиони евра!

Јувентус ги намали платите, Роналдо се откажа од 3,8 милиони евра!

Откако Кристиано Роналдо и капитенот Џорџо Киелини се согласија, и другите фудбалери и раководството на Јувентус се согласија за намалување на платите во клубот, како мерка за избегнување на откази поради кризата што е предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Италијански „Тутоспорт“ пишува дека Кристиано Роналдо го направил првиот чекор за му помогне на Јувентус. Неговата плата од 31 милион евра годишно ќе се намали за 12%, односно за 3,8 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот во изминатиот период ја истакна својата хуманост во екот на ширење на болеста Ковид-19. Заедно со неговиот менаџер Жорге Мендеш донираа голема количина на медицинска опрема за болниците во Порто и во Лисабон.

Парите ќе бидат наменети за покривање на приходите на сите административци во Јувентус, како и луѓето вработени во хотелот и стадионот на италијанскиот клуб.

Приходите од ТВ правата и влезниците не ги полнат клупските благајни,па фудбалските клубови регистрираат големи загуби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…