Дома Фудбал Останато Јувентус во 2010 година во Англија доживеа шокантна елиминација од Европа (ВИДЕО)

Јувентус во 2010 година во Англија доживеа шокантна елиминација од Европа (ВИДЕО)

juventus

Фудбалерите на Јувентус вчера на „Олд Трафорд“ славеа минимално со 0:1 против Манчестер Јунајтед во натпревар од третото коло во групната фаза во Лигата на шампионите.

Јувентус до победата стигна полесно од очекуваното и забележително беше дека „старата дама“ во овој момент е на повисоко ниво од „црвените ѓаволи“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


По повод овој натпревар англиските медиуми се потсетија на една интересна средба од 2010 година кога Јувентус играше во Лигата на Европа. Тие се обидоа да дојдат до податокот кој англиски клуб е последниот кој го победил Јувентус, а резултатот изненади многумина.

Имено, тоа е тимот на – Фулам! Фулам таа година стигна и до финалето во Лигата на Европа каде што загубија од Атлетико Мадрид. Јувентус од англискиот клуб беше поразен во четвртфиналето.

Уште пошактно е тоа што Јувентус во првиот натпревар во Торино славеше со 3:1 и никој не веруваше дека Фулам има шанси за пресврт во своја корист во Англија. Меѓутоа на „Кревен Котиџ“ тој 18 март се случи вистинско чудо.

Јувентус одлично го започна натпреварот и стигна до водство со голот на Давид Трезеге уште во втората минута. Тогаш изгледаше дека се е готово, но во продолжение се случи нешто кое никој не можеше да го очекува – Фулам постигна четири гола и го победи Јувентус со 4:1.

Два гола таа ноќ постигна Гера, а по еден Боби Замора и Клинт Демпси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…