Иако Јувентус пред неколку дена го откупи неговиот договор од Баерн Минхен за 40 милиони евра, италијанските медиуми тврдат дека во Торино за Даглас Коста пристигна понуда од Манчестер Сити вредна 100 милиони евра.
Спорт Медиасет вечерва ја донесе оваа информација и тврдат дека Пеп Гвардиола е одлучен да го види фантастичниот Бразилец во дресот на Сити следната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како и обично, на пари нема да се штеди. Ќе понуди 100 милиони евра, што за секако за Јувентус е привлечна понуда, па оттаму „Старата дама“ сериозно ќе размисле да го продаде Бразилецот.
Изминатата сезона Коста одигра одлично како позајмен играч од Баер. Постигна шест погодоци со 14 асистенции, а големиот дел однив беа постигнати во клучни моменти.