Дома Фудбал Јувентус во ГОЛЕМИ проблеми пред натпреварот против Реал

Јувентус во ГОЛЕМИ проблеми пред натпреварот против Реал

Вчерашната ждрепка не беше поволна за Јувентус, но изгледа дека тоа не е единствениот проблем за Масимилиано Алгери.

Имено, покрај Бернандески и Квадрадо кои дефинитивно нема да бидат подготвени за првиот натпревар против Реал кој на програмата е на 3. април, Јувентус ќе биде уште без два важни играчи.

Поради жолтите картони, „бјанконерите“ во првиот натпревар ќе бидат без Миралем Пјаниќ како и Мехди Бенатија. Бенатија зад себе има доста добра сезона, додека Миралем Пјаниќ веќе две сезони е можеби и најдобриот играч од средината на Јувентус.

Денеска од 20:45 Јувентус му гостува на екипата на СПАЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од Ешен до денес: три децении никој не ја надмина македонската победа од 11:1

Македонија одбележува 30 години од најубедливата репрезентативна победа. Дејви Главевски г…