Душан Влаховиќ би можел да го пропушти натпреварот против Спортинг Лисабон во Лигата на Европа, пренесуваат италијанските медиуми.
Причина за ова е повредата поради која денес не тренирал, па тоа внесе дополнителен страв кај Јувентус дека во важниот натпревар може да биде без еден од најдобрите свои фудбалери.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Влаховиќ има проблем со скочниот зглоб кој го заработи на натпреварот против Лацио. Сепак, добрата вест е што Пол Погба се вратил на тренинзите, исто како и Бонучи.
Натпреварот помеѓу Јувентус и Спортинг е закажан за четврток од 21 часот.