Дома Фудбал Италија Јувентус – Аталанта: Домаќините за престиж, гостите за историја

Јувентус – Аталанта: Домаќините за престиж, гостите за историја

Скудетото ќе биде кренато вечерва во Торино, но дуелот Јувентус – Аталанта ќе биде далеку од церемонијална игра. Аталанта со сите или се обидува да остане на четвртата позиција во Серија А и да обезбеди пласман во Лигата на Шампионите следната сезона.

Аталанта ќе направи се за да го задржи 4-то место

Со Гасперини за кого најавите се дека ќе ја преземе Рома наредната сезона, овој меч станува уште поинтересен. Ако тој со Аталанта заврши на 4-то место, тоа ќе значи дека Рома наредната сезона нема да игра во европската елита, со што Гасперини на некој начин би си заминал од Лигата на Шампиони во Лигата на Европа. Но неговото заминување не е официјално и тоа може лесно да се промени доколку Аталанта обезбеди Лига на Шампиони.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аталанта го загуби финалето во Купот на Олимпико во средината на неделата, откако Лацио славеше со 2:0. Откако не успеа да го освои Купот, сега тимот на Гасперини ќе биде уште по очаен да го задржи 4-то место, целосно свесен дека нивната прекрасна сезона заслужува награда од многу повеќе од само место во Лигата на Европа.

Јуве со негативен биланс против Аталанта сезонава

Аталанта е голем аутсајдер на овој меч против шампионите, што е разбирливо на еден начин, но од друга гледна точка тоа нема никаква смисла. Тие се во одлична форма и се едни од најдобрите тимови во Серија А во 2019 година, забележувајќи само два порази годинава. Последниот пораз на Аталанта во Серија А беше забележан дури на 23-ти февруари.

Освен тоа, Аталанта сезонава е единствен тим кој има позитивен скор против Јувентус. Тие во Серија А одиграа реми 2:2, но во купот го елиминираа шампионот со неверојатни 3:0.

Проштална сезона за неколку фигури во Јувентус

Но Јуве без разлика што си ја заврши својата работа сезонава ќе сака со победи да се одјави, особено пред своите навивачи. Исто така многумина ќе бидат крајно мотивирани на овој меч, без разлика што реално резултатот од овој меч нема да промени ништо. Сезонава, ќе биде проштална за неколку фигури во Торино вклучувајќи го и Алегри ( како што беше објавено во петокот, тренерот нема да биде на клупата на Јуве следната сезона ). Андреа Барзагли ќе се пензионира ова лето и тоа ќе биде уште едно емотивно збогување, додека Пауло Дибала го преиспитува својот статус и останувањето во тимот.

Сепак, Јуве беше во сенка во Серија А уште од освојувањето на титулата и делуваше немотивирано на натпреварите и единственото прашање тука е дали мала екипа како Аталанта ќе има енергија да остане непоразена против шампионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Борусија продолжува да лансира млади фудбалери: Потпиша договор со тинејџер кој ги помина скоро сите младински категории

Eкипата на Борусија Дортмунд продолжува како и во минатото продолжува да им дава шанса на …